Известување за приватност на Такеда ИД

 

Датум на стапување на сила на ова известување за приватност: април 2021 година.

 

Вашата приватност и заштитата на Вашите лични податоци се важни за нас. Ова Известување за приватност го објаснува типот на лични податоци што Такеда може да ги земе од вас и како ние ги користиме.

 

Такеда е глобално оперативна групација на компании. Претпријатието Такеда ја вклучува матичната компанија Takeda Pharmaceutical Company Limited и нејзините филијали (заедно наречени „Такеда“ или „Ние“). Доколку не контактирате за да пријавите проблем или да поднесете жалба или на друг начин да комуницирате со нас, ние собираме информации за да го решиме Вашето прашање. За информации за контакт поврзани со Вашата локална подружница, Ве молиме погледнете ја веб-страницата на Такеда на https://www.takeda.com/who-we-are/company-information/worldwide-offices/.

 

Оваа веб-страница е обезбедена за креирање и управување со Вашиот Такеда ИД профил, кој можете да го користите за автентификација на повеќе апликации на Такеда (т.е. веб-страници, мобилни апликации итн.) што Ви дава  искуство за едно најавување и Ви овозможува да ги користите истите ингеренции за повеќе апликации Такеда. За таа цел, ние може да собираме, користиме, складираме и откриваме информации за вас, вклучувајќи го Вашето име, е-пошта, лозинка, земја, место на работа, како и некои информации за интеракција, како што е името на веб-страница за која сте се согласиле, Вашата ИП адреса итн. за да се обезбеди безбедност, да управувате со Вашата Такеда ИД сметка и да го потврдите Вашиот идентитет во случај да сте здравствен работник.

 

Нашата употреба на Вашите лични податоци како што е опишано погоре се заснова на легитимен интерес да Ви обезбедиме безбеден и лесен за употреба метод за автентикација за веб-страниците/апликациите обезбедени од Такеда, како и нашата законска обврска да управуваме со Вашата согласност за добивање маркетинг допис од нас .

 

Можеме да ги споделиме Вашите информации со даватели на услуги и деловни партнери ширум светот со кои соработуваме за да ги исполниме горенаведените цели (на пр., услуги за исполнување, техничка поддршка, надворешни консултанти и надворешни советници). Ние може да ги споделиме Вашите информации и со други филијали и подружници на Такеда. Споделувањето на Вашите лични податоци може да вклучува трансфери во други земји. Законите за заштита на податоците и приватноста во овие земји можеби нема да обезбедат исто ниво на заштита како Вашата матична земја. Такеда ќе воспостави заштитни мерки за адекватна заштита на Вашите лични податоци поврзани со таквите трансфери.

 

Ќе ги чуваме Вашите лични податоци се додека ги користите нашите услуги/апликации. Ние, исто така, може да ги чуваме Вашите податоци за разумен период по исполнувањето на нашите услуги или прекинувањето на Вашата врска со нас или прекинувањето на Вашата употреба на нашите услуги/апликации, освен ако подолг период на задржување не е потребен или дозволен со закон.

 

Такеда користи Oкта, услуга од трета страна, за управување со Вашиот Такеда ИД. За повеќе информации за Oкта и нивната обработка на лични податоци, погледнете  www.okta.com/privacy-policy. Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци сè додека активно го користите Вашиот Такеда ИД со една или повеќе од нашите апликации Такеда. Сметките кои се неактивни повеќе од две години ќе бидат деактивирани, а податоците од сметката ќе бидат избришани.

 

За повеќе детали за Такеда ИД, ве молиме следете ги овие линкови:

 

https://consents.takeda.com/mk-mk/terms-of-use/

 

Вие имате право да побарате пристап, исправка и бришење на Вашите лични податоци или да се ограничи нивната употреба. Доколку сакате да ги остварите Вашите индивидуални права, ве молиме контактирајте не со пристап до нашиот веб-образец за индивидуални права. Ако имате поплака за тоа како се обработуваат Вашите лични податоци, исто така имате право да контактирате со Управата за заштита на податоците во Вашата земја.

 

 

Контактирајте не:

 

Ако имате прашања во врска со ова Известување за приватност, Ве молиме контактирајте не преку е-пошта на адресата подолу.

 

Адреса за е-пошта: privacyoffice@takeda.com

 

За подетални информации за тоа како Такеда ги обработува Вашите лични податоци и Вашите права поврзани со оваа обработка, Ве молиме погледнете го Известувањето за приватност на Такеда на www.takeda.com