Известување за приватност на CRM

 

Датум на стапување на сила на ова известување за приватност: јануари 2021 година

 

Вашата приватност и заштитата на Вашите лични податоци се важни за нас. Ова Известување за приватност објаснува каков тип на лични податоци можеме да земеме  од Вас и како ги користиме за целите на нашиот Менаџмент на односи со клиенти (CRM).

 

Такеда е глобална оперативна групација на компании. Претпријатието Такеда ја вклучува матичната компанија Takeda Pharmaceutical Company Limited и нејзините подружници (заедно наречени „Такеда“ или „Ние“). За информации за контакт поврзани со Вашата локална подружница, Ве молиме погледнете ја веб-страницата на Takeda на: https://www.takeda.com/who-we-are/company-information/worldwide-offices/.

 

Ние обработуваме лични податоци за Вас за управување со нашите интеракции, вклучително и за да одговориме на Вашите прашања и барања; да ја олесниме нашата продажба и маркетинг на производите на Такеда; за организација на состаноци и настани; да соработуваме на нашите истражувачки и развојни активности; за истражување и анализа на пазарот; и воопшто, да Ви обезбедиме информации што може да Ве интересираат.

 

Личните податоци што ги собираме ги вклучуваат Вашите (деловни) информации за контакт, информации за професионалниот живот (како што се Вашата специјалност и интереси) и информации за нашите интеракции и состаноци. Ние, исто така, може да собираме информации за Вас преку трети страни на кои им е дозволено да споделуваат такви информации со нас.

 

Нашата употреба на Вашите лични податоци како што е опишано погоре се заснова на служење на нашите легитимни интереси за промовирање на нашите производи и свесност за болестите; исполнување на нашите договорни обврски кон вас; почитување на нашите законски обврски и Вашата согласност.

 

Можеме да ги споделиме Вашите информации со даватели на услуги и деловни партнери ширум светот со кои соработуваме за да ги исполниме горенаведените цели (на пр., услуги за исполнување, техничка поддршка, надворешни консултанти и надворешни советници). Ние може да ги споделиме Вашите информации и со други филијали и подружници на Такеда. Споделувањето на Вашите лични податоци може да вклучува трансфери во други земји. Законите за заштита на податоците и приватноста во овие земји можеби нема да обезбедат исто ниво на заштита како Вашата матична земја. Такеда ќе воспостави заштитни мерки за адекватна заштита на Вашите лични податоци во врска со таквите трансфери.

 

Ние ги чуваме Вашите лични податоци за периодот неопходен за исполнување на горенаведените цели. Ние, исто така, може да ги чуваме Вашите податоци за разумен период по прекинувањето на Вашата врска со нас, освен ако подолг период на задржување не е потребен или дозволен со закон.

 

  • Имате право да побарате пристап, исправка и бришење на Вашите лични податоци или да се ограничи нивната употреба. За да остварите некое од овие права контактирајте не на: privacyoffice@takeda.com.

 

Доколку имате поплака за начинот на кој се обработуваат Вашите лични податоци, имате право да се обратите и до Надзорниот орган за заштита на податоците во Вашата матична земја каде што постои.

 

Такеда назначи Службеник за заштита на податоци со кој можете да контактирате на privacyoffice@takeda.com со какви било прашања или барања.

 

За подетални информации за тоа како Такеда ги обработува Вашите лични податоци и Вашите права поврзани со оваа обработка, Ве молиме погледнете го Известувањето за приватност на Такеда на www.takeda.com.

 

 Јас разбирам дека моите лични податоци ќе бидат користени, и се согласуван да бидат собрани, користени и обелоденети за горе наведените цели.